Внатрешни ѕидови

Дисперзија за внатрешни ѕидови

Опис:

Дисперзиона боја изработена на база на висококвалитетна полимерна емузлија, наменета за бојадисување на внатрешни ѕидови. Се одликува со одлична покривна моќ, паропропусност и отпорна на суво бришење.

Може да се тонира во повеќе од 500 нијанси.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Pol парче канта

Подготовка и нанесување: Подготовката на дисперзијата се врши со додавање на 15-20% вода, со добро мешање додека смесата не стане еднолична. Површината на која се нанесува дисперзијата, мора да биде цврста, сува и импрегнирана со BK-Podloga. Бојата се нанесува со валјак или четка со кратки влакна, најчесто во два слоја. Нанесувањето на вториот слој се врши откако првиот нанесен слој целосно ќе се исуши, што при нормални услови (температура од  23 до 25 ºC, релативна влажност на воздухот ha=50-60 %) потребни се 4-6 h.

Потребно е бојата да се нанесува рамномерно и без прекини, на континуални ѕидни површини за да се избегнат нееднаквости во бојата кои настануваат кај споевите на површините, поради нерамномерно сушење и слично.

Tемпературата на воздухот и на подлогата при нанесувањето треба да биде во опсег од 5 ºC до 30 ºC.

Рок на траење: До 18 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува на температура од 5 ºC до 25 ºC, заштитено од директна сончева светлост и од смрзнување.

Потрошувачка: Се движи во границите од околу 0,2-0,3 kg/m2 доколку се нанесува во два слоја.

Може да се тонира во повеќе од 500 нијанси.

Шифра Баркод Пакување
3000027  8606102367144 канта 1.5 кгр.
3000009 8606102367151 канта 5 кгр.
3000008 8606102367168 канта 8 кгр.
3000101 8606103352293 канта 15 кгр.
3000007 8606102367182 канта 25 кгр.