Изолација

XPS стиродур

Опис:

Екструдираниот полистирен (XPS) е изборот на сите експерти за хидроизолација во градби и конструкции. Овој продукт се користи за термичка изолација во градби. Во нашата продажна програма го нудиме во облик на изолациони панели во неколку различни дебелини.

Шифра Баркод Дебелина
2125681 2 cm
2117609 3 cm
2117587 5 cm

Димензијата на плочите од XPS стиродур изнесуваат 1250mm х 600mm.

Затворената келиска структура на изолационите панели произведени со оваа технологија и адитивите измешани со полистиренот овозможуваат добивање на производ кој е со одличен квалитет и со долготрајни технички карактеристики:

- одлична механичка цврстина

- отпорност на циклуси на замрзнување и топење

- намалена топлинска спроводливост- 0.033 W/m.K

- намалена капиларност на продуктот

- хомогена густина

- мала специфична тежина (лесно за ракување)

- висока отпорност на влага

- лесен за сечење со вообичаените алатки за обработка

- отпорен на постојана изложеност на воденаа пареа

- чист и без мирис

- не ја иритира човековата кожа

- еластичност

- зголемена огноотпорност

- перфорирана површина

 

Производството на изолационите плочи XPS се базира на физичката експанзија на стопениот пластичен материјал во екструдерот, каде температурата, притисокот, стопениот материјал и количините на дополнителни компоненти се контрлираат постојано.

 

Регулатива

XPS плочите од екструдиран полистирен одговааат на Европската Директива под број 89/106/EEC. Плочите се тестирани согласно стандардот EN 13164 (троен систем за сертификација) по што се покажа дека одликите на овој продукт одговараат на соодветниот стандард.

Еколошки влијанија

Изолационите плочи од екструдиран полистирен се согласно европските регулативи за емисија на супстанци кои му наштетуваат на озонскиот слој. Овој продукт не содржи CFC – HCFC компоненти и не придонесува за глобалното затоплување.