Блог

Bekatherm термоизолациони системи

Термо изолација

Домувањето е една од основните потреби на луѓето. Човекот во минатото градел објекти за домување од различни материјали, првенствено заради заштита од природни непогоди. На повисок степен на развојот, објектите ги прилагодувал на посебни барања кои како резултат дале удобно домување.

Дури во поново време, почнува да се води сметка за смалување на трошоците за затоплување и да се остварува поактивен однос кон природата. Предностите за општеството и околината се препознатливи и затоа во голем број земји се доонесени закони за термо изолација на објектите за домување.

Banja Komerc Bekament поседува сертификат за ETA стандард со што е потврден квалитетот на нашите BekaTherm производи.

Сите BEKATHERMфасадни системи се одликуваат со врвен квалитетшто го потврдуваат и резултатите од испитувањата на сопствени и иновативни фасадни полигони и во најдобро опремените лаборатории на технолошко-истражувачкиот центар на Bekament, како и резултатите од контролните тестирања во овластени институции во Србија и во други земји. Денес BEKATHERMима европски технички согланости за сите верзии на BEKATHERMфасадните системи.

Bekatherm

Bekatherm

Топлотна изолација на фасади

Што претставува термо изолација?
Термоизолациона фасада претставува топлотно изолациона заштита која спаѓа во контактни фасади и се наоѓа на надворешната страна на објектот. Термоизолациониот систем е еден од најважните елементи на секој дом бидејќи го штити од временски влијанија како врнежи, ветер, мраз, горештини и други влијанија на околината и и’ го дава посакуваниот естетски изглед. Низ фасадните површини, во случај на непостоење на термоизолационен систем, една просечна семејна куќа губи дури 30% од енергијата потребна за загревање, а кај станбените згради овој процент е значително поголем.

Кои се предностите на термо изолацијата?

Добрата и квалитетна термо изолација ги има следните карактеристики:

  • Обезбедува пријатна температура во објектот во текот на целата година
  • Термо изолацијата може да Ви заштеди пари.
  • Овозможува објектот да дише, т.е. пареата која се создава внатре непречено да минува низ фасадната конструкција
  • Спречува создавање на влага, кондензација, мувла и габички
  • Механички го штити објектот и го продолжува неговиот век на траење
  • Ја намалува потрошувачката на енергија за загревање и ладење и така штеди пари и ја чува околината
  • Влијае на создавање на здрава микроклима за удобен престој во домот
  • Ја зголемува вредноста на недвижнините

Добрата термоизолација одговара и на некои дополнителни барања како: паропропусност, долготрајност, отпорност на влага, на инсекти и на хемикалии, како и звучна изолација.

Повеќе за типовите на Bekatherm термоизолационите системи можете да најдете на официјалната страница на Bekament www.bekament.com