Внатрешни ѕидови

Готова пастозна глет маса Кнауф Супер Финиш

Опис:

Knauf Super Finish e фабрички подготвена пастозна глет маса, специјално формулирана за професионалните изведувачи на сувомонтажни системи. Обезбедува супериорен квалитет на обработливост, одлично отворено време и вонстандардна леснотија при брусењето. Произведена е и полнета е под вакуум, со што е целосно ослободена од заробен воздух и меурчиња кои се појавуваат при употреба на стандардни материјали.

Винилниот состав на Knauf Super Finish обезбедува професионално ниво на завршна површина. Одличен за покривање на аголни лајсни, фаши, во тенок слој, или во подебел слој, погоден за рачно нанесување на текстури. Нуди основа за економично фарбање на ѕидовите, како и основа за најфините современи декоративни премази.

Предности при нанесување
– фабрички подготвен производ за професионално глетување на сувомонтажни системи
– материјал со напредни карактеристики
– полнет во кантички со вакуум, елиминирајќи заробен воздух и меурчиња при нанесување
– одлична обработливост (подобрено влечење и мазнење)

Нанесување
Наполнете ги споевите со материјал за исполна на споеви (со или без бандажна лента, во зависност од производот, т.е. Fugenfuller или Uniflott). Оставете да се исуши и лесно избрусете. По нанесувањето и на вториот слој од материјалот на спојот, оставете и тој да се исуши и повторно избрусете го. По исполната на главите на видливите шрафови, површината е спремна за нанесување на Super Finish. Тој се нанесува во оптимални три слоеви и се обработува до совршено мазна површина.

Квалитетот на брендот
Брендот Sheetrock® ви гарантира највисок квалитет во завршна бработка, со овој завршен материјал на база на винил.
Голема практичност на фабрички подготвените материјали. Предност на константната густина и еднакво висок квалитет во секоја кантичка.

Пократко време на мешање
Во случаи кога е неопходно додавање на вода,адитивите во составот на Super Finish на Sheetrock®, овозможуваат подобро впивање на водата, а со тоа силно се намалува времето на изедначување на смешата.

Лесно лизгање, одлична врзливост
Супериорност во леснотијата на нанесување, одличната отпорност на пукнатини и одлична врзливост со основата. Материјалот оптимално врзува дури и при влажни услови на работа.

Подолго отворено време
Овозможува подолго време на корекции, дури и во услови кои влијаат на брзо сушење на материјалите. Влажниот горен слој на нанесениот материјал е подолго време лесно отстранлив.

Минимизирана појава на меури
Процесирањето на материјалот со вакуум, ги елиминира сите меури во материјалот, т.е. во самата кантичка.

Подготовка
Монтирајте ги гипсените плочи, според препораките и правилата на производителот. При употреба на Super Finish, температурата на воздухот не смее да паѓа под 13°С. Препорачано е просторот убаво да се вентилира за да се одведе вишокот влага од просторот. Промешајте го материјалот, без додавање на вода. За покривање на фаши и аголни лајсни, употребувајте директно од кантата, а за глетување на големи површини, дозволено е разводнување на материјалот. Додавајте помали дози вода, за да не ја разредите премногу количината. Тестирајте ја густината пред секое наредно додавање вода.

Податоци за материјалот

Тип
Материјал за рачно или машинско нанесување

Отпорност на мрзнење

Да се заштитува од мрзнење

Потрошувачка
Покривање на целата површина на гипсена плоча – до 850 gr/m2
Покривање на цела површина од малтер – до 1.000 gr/m2

Рок на употреба и складирање
Под стандардни услови, складирањето на материјалот е препорачано до 9 месеци. Изложување на превисоки, или
прениски температури, го забрзува стареењето на материјалот. Препорачано е почесто проверување на рокот на траење. Ротирајте ги залихите така да секогаш ги употребувате најстарите количини.

Ограничувања
Заштитете го материјалот од прегревање или мрзнење.
Пред покривање на завршниот Super Finish со епоксидни материјали, консултирајте го производителот на епоксидниот материјал и неговата препорака за припрема на подлогата за нанесување на неговиот завршен слој. Ваквите слоеви, при сушење, покажуваат огромни сили на собирање и можат да предизвикаат силни оштетувања на подлогата, манифестирани како одлепување и пукнатини.

 Шифра Назив Пакување
314843 Sheetrock Super Finish 6 kg канта
432690 Sheetrock Super Finish 20 kg канта
314840 Sheetrock Super Finish 25 kg канта