Внатрешни ѕидови

Готова пастозна глет маса Knauf Finitura

Опис:

Knauf Finitura е висококвалитетна фабрички подготвена маса за завршно глетување, базирана на винил, со мат завршна површина со К4 квалитет. Има добро „отворено време“ и силно се врзува на гипскартонска плоча, малтер, бетон или тули. Ниското впивање на боја ја прави Finitura економично решение, особено кога се нанесуваат скапи висококвалитетни бои. Површината може да се бруси откако ќе се исуши, за да се отстрани некоја евентуално останата несовршеност.

Финитура – Фин завршен слој

Предности при употреба
— фин завршен слој за многу мазни површини, готов за употреба
— овозможува мазна завршна површина, мазна како мермер
— специјално фомулиран за примена врз малтери
— ниска впивливост на боја, нема потреба од грундирање!
— Економичен
— Со минимално брусење до помалку прашина, преку Dust Control технологијата!

Предности на производот
— ова е веќе подготвена смеса – нема отпад. По нанесувањето, остатокот од материјалот може да се зачува во
затворена канта
— лесно се нанесува
— извонредно мазна завршна површина
— мало впивање на боја – ја намалува потрошувачката на боја

Потрошувачка
Покривање на целата површина – до 300 gr/m2 со дебелина на слојот од макс. 0,20 mm

Нанесување
Sheetrock Finitura (Шитрок Финитура) е специјално формулиран за третирање на гипсени малтери, но исто така
може да се нанесе на различни површини со одлични резултати, како на пример врз:
— Гипскартонски плочи
— Бетон
— Ѕидарија

Материјалот може да се нанесе и рачно и со помош на безвоздушна машина со минимум капацитет од 4 литри/минута.
Препорачан е слој со максимална дебелина од 3mm кога се нанесува со рака. Кога се прска, материјалот може да се
разреди со најмногу 1 литар вода на 20 кг. Препорачана величина на распрскувачот е 531.

За најдобри резултати, се препорачуваат 2 слоја на нанесување, посебно кога се покрива малтер. Може да се примени како завршен слој после ставениот слој на Sheetrock Super Finish (Шитрок Супер Финиш). По нанесувањето, површината може да се избруси, доколку е потребно. Препорачана шмиргла број 280 или повисоко. Температурата на воздухот и
површините за време на нанесувањето треба да биде минимум 13°С, а максимум до 35°С.

Складирање
Финитура да се чува во затворена канта, во сув и проветрен простор. Температура за чување: 5°С – 30°С. Ротирајте ги залихите така да секогаш ги употребувате најстарите количини. Максимално време за складиштење: 9 месеци. Заштитете
ги количините од мрзнење!

Боја
Бела

 Шифра Назив Пакување
314849 Sheetrock Finitura 6 kg канта
314848 Sheetrock Finitura 25 kg канта