Блог

За глетувани површини без мана

Knauf во својата понуда има готови глет пастозни маси, спакувани под вакуум и подготвени за нанесување веднаш. Предности на овие производи се што се работи за веќе подготвени смеси и по користењето нема отпад. По завршување со нанесувањето, остатокот од материјалот може да се зачува во затворена канта. Готовите глет маси лесно се нанесуваат. По нанесувањето добивате извонредно мазна завршна површина. Глетуваните површини се одликуваат со мало впивање на боја со што се намалува потрошувачката на боја

 

Finitura – Фин завршен слoj

Knauf Sheetrock Finitura е висококвалитетна фабрички подготвена маса за завршно глетување, базирана на винил, со мат завршна површина со К4 квалитет. Има добро „отворено време“ и силно се врзува на гипскартонска плоча, малтер, бетон или тули. Ниското впивање на боја ја прави Finitura економично решение, особено кога се нанесуваат скапи висококвалитетни бои. Површината може да се бруси откако ќе се исуши, за да се отстрани некоја евентуално останата несовршеност.

Pastozna gotova glet masa

 

Предности при нанесување
— фин завршен слој за многу мазни површини, готов за употреба
— овозможува мазна завршна површина, мазна како мермер
— специјално фомулиран за примена врз малтери
— ниска впивливост на боја, нема потреба од грундирање!
— Економичен
— Со минимално брусење до помалку прашина, преку Dust Control технологијата!

Повеќе детали за Knauf Sheetrock Finitura линк

Кнауф Супер Финиш

Knauf Super Finish глет маса

Knauf Super Finish e фабрички подготвена пастозна глет маса, специјално формулирана за професионалните изведувачи на сувомонтажни системи. Обезбедува супериорен квалитет на обработливост, одлично отворено време и вонстандардна леснотија при брусењето. Произведена е и полнета е под вакуум, со што е целосно ослободена од заробен воздух и меурчиња кои се појавуваат при употреба на стандардни материјали.

Винилниот состав на Knauf Super Finish обезбедува професионално ниво на завршна површина. Одличен за покривање на аголни лајсни, фаши, во тенок слој, или во подебел слој, погоден за рачно нанесување на текстури. Нуди основа за економично фарбање на ѕидовите, како и основа за најфините современи декоративни премази.

Предности при нанесување
- фабрички подготвен производ за професионално глетување на сувомонтажни системи
- материјал со напредни карактеристики
- полнет во кантички со вакуум, елиминирајќи заробен воздух и меурчиња при нанесување
- одлична обработливост (подобрено влечење и мазнење)

Повеќе детали за Knauf Sheetrock Super Finish линк