Блог

Дрвени молерски скали од топола

Дрвените молерски скали се изработени во специјализирана фабрика за обработка на дрво во Грција. За изработка се користи дрво од топола кое пред обработката рачно се селектира и проверува.

Дрвени молерски скали

Дрвени молерски скали

Скалите се двострани и отворени се поставуваат во форма обратна од латинската буква V. На средината има лента која обезбедува врска помеѓу двата краци на скалата на безбедно растојание, со што се обезбедува стабилност при користењето. Поради тоа што за изработка се користи дрво од топола, скалите не се тешки, лесни се за носење и превезување и се релативно евтини.

Овие скали првенствено се наменети за молерисување, но исто така може да се користат за разни други градежни работи или потреби во домаќинството.

Скалите се достапни во повеќе различни големини со различен број на скалила.

Шифра Модел ЕМ Цена со ДДВ
2413вак Скала 2х4 скалила (130cm) Парче 1.600,00
2415вак Скала 2х5 скалила (150cm) Парче 1.800,00
2417вак Скала 2х5 скалила (175cm) Парче 2.050,00
2420вак Скала 2х5 скалила (200cm) Парче 2.350,00
2422вак Скала 2х7 скалила (225cm) Парче 2.600,00