Блог

Дали ги знаете основните видови на гипс-картонски плочи?

Сувомонтажна градба со Кнауф гипс-картонски плочи

За различни подрачја на примена се произведуваат различни плочи кои се разликуваат по надворешниот картон и по додатоците во гипсеното јадро.

Производство на Кнауф плочи
Кнауф плочите се произведуваат во континуиран процес. Од мелен и печен гипс, вода и додатоци, во проточна мешалка се формира течна гипсена каша која рамномерно се распоредува на подвижна картонска лента. Од горната страна поминува задниот картон на гипсената плоча, низ валјаци за обликување, кои ја одредуваат дебелината на плочата. Потоа на плочата се означува натписот, се сече на потребната должина, се превртува, се суши и пакува на палета.

Палета со кнауф гипс-картонски плочи

Предности на Кнауф плочите
Кнауф плочите се големо форматни гипсени плочи произведени според Европски норми и се подложни на постојана проверка од внатрешната контрола и од надворешни институции. Плочите се испитани градежно-биолошки на институтот ИБР и допринесуваат за удобност во живеењето благодарение постојаното изедначување на влажноста во воздухот. Кнауф плочите се незапаливи и со мали дебелини на облогите се добива одлична заштита од пожари со звучна заштита. Со Кнауф плочите се изработуваат рамни и мазни површини на ѕидови, тавани и подови без појава на пукнатини. Со тоа се создава сигурна подлога за бои, малтери, лакови и керамички облоги. Со Кнауф технологијата на сувомонтажна градба се овозможуваат различни решенија во просторот.

Видови Кнауф гипс-картонски плочи

Кнауф стандардни плочи се гипсени плочи чии површини и надолжни ивици се цврсто обмотани со специјален картон.

Ознака: син натпис на позадината. Предниот и задниот картон е во сива боја.

Подрачје на примена: облоги на ѕидови и тавани на потконструкција, суво малтерисување, преградни ѕидови и уредување на поткровја.

Кнауф имрегнирани (влагоотпорни) плочи се гипсени плочи чие јадро е посебно импрегнирано против впивање на влага.

Ознака: син натпис на позадината. Предниот и задниот картон е во зелена боја.

Подрачје на примена: како кај Кнауф стандардните плочи, за примена во влажни простории (купатила и кујни во домаќинствата) и како подлога за керамички плочки.

Кнауф противпожарни плочи се гипсени плочи чие јадро е зајакнато со минимум 0,2% стаклени влакна со должина 3-30 мм како би се зголемила цврстината на материјалот во случај на пожар.

Ознака: црвен натпис на позадината.

Подрачје на примена: облоги на ѕидови и тавани на потконструкција, преградни ѕидови, инсталациски канали и уредувања на поткровја со противпожарни барања.

Кнауф противпожарни импрегнирани плочи се противпожарни плочи чие јадро е посебно импрегнирано против впивање на влага.

Ознака: црвен натпис на позадината. Предниот и задниот картон се зелени.

Подрачје на примена: како кај Кнауф огноотпорната плоча, посебно се погодни за употребување во влажни простории како што се купатило и кујна во домакинството.

Кнауф гипсфазер плочи Vidiwall се гипсени плочи кои се зајакнати со целулозни влакна. Површината е импрегнирана против впивање на влага.

Ознака: син натпис на позадината.

Подрачје на примена: како кај противпожарни импрегнирани плочи.

Означување на Кнауф плочите за монтажа
За полесна монтажа сите Кнауф плочи се означени со натпис и точки по средината на плочата:

• На задната страна на плочата се наоѓа натпис со ширина 5 см кој ја означува позицијата на вертикалниот ѕиден CW-профил кај изработка на преградниот ѕид.

• На предната страна на плочата се наоѓаат точкести ознаки (буква ”K”) на меѓусебно растијание од 25 см кои го означуваат местото предвидено за шрафење.

Кнауф стандардни гипс-картонски плочи

Складирање и транспорт
Кнауф плочите секогаш треба да се поставуваат на рамна подлога – од дрвени летвички, ленти од гипсени плочи или палети – и да се заштитат од влага. Плочите треба да се транспортираат во вертикална положба. Аглите и ивиците на плочите треба да се заштитат од оштетување.

Кнауф палета

Обработка на плочите
Кнауф плочите едноставно и лесно се сечат со градежен нож или скалпел. Откако плочата на местото на засечениот картон се прекрши, ивиците треба да се израмнат со ренде за порамнување на ивици и да се закосат со ренде за закосување на ивици, што ја олеснува обработката на спојување и завршно глетување. Картонот во никој случај не смее да се кине долж исечената површина.