Новости

Кармен Бауцентар на 57-мо Охридско лето

Опис:

Пред бројна публика, вечерта на 12.07.2017 година, на атрактивниот простор од Античкиот театар во Охрид, свечено беше отворено 57-мо по ред „Охридско лето“.

Фестивалот традиционално се одржува секоја година и претставува една од најпрестижните културни манифестации кај нас, македонскиот културен прозорец кон светот.

Кармен Бауцентар е еден од спонзорите кој помогна во подготовките на овој  фестивал. На овој начин дадовме мал придонес во организацијата на фестивалот „Охридско лето“и оваа година. Кармен Бауцентар како општествено одговорна компанија редовно поддржува и ќе поддржува престижни културни манифестации во нашата земја.

Scena