Внатрешни ѕидови

Минерален малтер за надворешни ѕидови

Опис:

Племенит минерален тенкослоен малтер на вар-цементна основа, од типот EdelPutz. Наменет е за сите фино израмнети подлоги од вар-цементни и цементни малтери за надворешна и внатрешна внатрешна примена.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Briv Special парче вреќа

Подготовка и нанесување: Пред употреба, подготовката на масата се врши со постепено додавање на содржината од вреќата во 25-28 % вода (6-7 l вода на вреќа од 25 kg), со постојано мешање со електрична мешалка, додека содржината од вреќата целосно не се навлажни и изедначи. Масата се остава да отстои 10 минути, а потоа уште еднаш се промешува и по потреба се додава уште мaлку вода за подесување на соодтвената конзистенција. Препорачливо е 24 часа пред малтерисувањето, на подлогата да се нанесе BK-Grund Universal.

Подлогата на која се нанесува малтерот мора да биде цврста, рамна и чиста. Малтерот го нанесуваме рачно со нерѓосувачка челична глетарка нагоре, во дебелина на слојот со големина на зрната. Конечниот изглед се постигнува со дополнителни техники според барањето на клиентот, додека нанесената маса се’ уште е влажна и обработлива. Кај рајб структурата вкопувањето може да се врши со кружни, вертикални и хоризонтални движења, до постигнување на рамномерна избразденост на површината. Кај фул структурата обработката се врши со кружни движења.

Потребно е да се нанесува рамномерно и без прекин на континуални ѕидни површини, за да се избегнат нееднакости кои настануваат при спојување на површините, од нерамномерно сушење и сл.

Температурата на воздухот и на подлогата при нанесување на материјалот треба да се движи во опсег од 5 ºC до 30 ºC. Не треба да се нанесува на површини директно изложени на сончева светлина, на ветар или на дожд. Висока влага и ниски температури може значително да го продолжат времето на врзување на малтерот.

Подготвената маса да се употреби во рок од два часа.

Потрошувачка: Прикажано во табелата по м.кв.

Производ Гранулација Зарибана (rajb)структура Полна (full)структура
Посебно фино зрно 1,0mm / 2,5kg
Фино Зрно 1,5mm 2,5kg 3,0kg
Средно фино зрно 2,0mm 3,0kg 3,5kg

Рок на траење: До 12 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува во суви простории, сложено на палети.

Шифра Баркод Пакување
2000056 1,5mm Rajb 8606107657530 вреќа 25 кгр.
2000057 2,0mm Rajb 8606107657547 вреќа 25 кгр.
2000059 1,5mm Full 8606107657509 вреќа 25 кгр.
2000060 2,0mm Full 8606107657516 вреќа 25 кгр.