Дисперзија

Акрилна дисперзија за надворешни ѕидови

Опис:

Акрилна дисперзија за бојадисување на надворешни ѕидови, произведена врз база на високо-квалитетни суровини. Поседува одлична моќ за покривање и водоотпорност. Отпорна е на УВ зрачење и на атмосферски влијанија.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Fas-Acryl парче канта

Подготовка и нанесување: Подготовката на дисперзијата се врши со додавање на 10-15% вода, со добро мешање додека смесата не стане еднолична. Површината на која се нанесува дисперзијата, мора да биде цврста, сува и импрегнирана со BK-Acryl. Бојата се нанесува со валјак или четка со долги влакна, најчесто во два слоја. Нанесувањето на вториот слој се врши откако првиот нанесен слој целосно ќе се исуши, што при нормални услови (температура од  23 до 25 ºC, релативна влажност на воздухот ha=50-60 %) потребни се 4-6 h.

Потребно е бојата да се нанесува рамномерно и без прекини, на континуални ѕидни површини за да се избегнат нееднаквости во бојата кои настануваат кај споевите на површините, поради нерамномерно сушење и слично.

Tемпературата на воздухот и на подлогата при нанесувањето треба да биде во опсег од 5 ºC до 30 ºC. Да не се нанесува на површини директно изложени на сончева светлина, на ветер или дожд. Висока влага и ниски температури може значително да го продолжат времето на сушење на бојата.

Рок на траење: До 18 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува на температура од 5 ºC до 25 ºC, заштитено од директна сончева светлост и од смрзнување.

Потрошувачка: Се движи во границите од околу 0,3-0,35 kg/m2 доколку се нанесува во два слоја, во зависност од впивливоста и рапавоста на површината.

Може да се тонира во повеќе од 500 нијанси.

 

Шифра Баркод Пакување
4000003 канта 5 кгр.
4000002 канта 8 кгр.
4000001 канта 25 кгр.
4000030 B100 канта 5 кгр.
4000029 B100 канта 8 кгр.
4000028 B100 канта 25 кгр.
4000033 B200 канта 5 кгр.
4000032 B200 канта 8 кгр.
4000031 B200 канта 25 кгр.