Дисперзија

Дисперзија за надворешни ѕидови (полн тон)

Опис:

Акрилна висококонцентрирана дисперзиона боја, со одлична моќ за покривање. Отпорна на УВ зрачења и на атмосферски влијанија. Се користи за бојадисување на надворешни и внатрешни ѕидови, како и за тонирање и нијансирање на BK-Fas Acryl, BK-Pol, BK-Pol Gold и Bk-Pol Crystal. Се произведува во 13 стандардни нијанси.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Fas Color парче канта

Подготовка и нанесување: Пред нанесување, содржината од кантичката треба добро да се промеша или да се излие во сад за боја. Таквата боја треба интензивно да се меша додека целосно не се соедини. Кога BK-Fas Color се користи за бојадисување на фасадни површини, по потреба може да се разреди со вода, но максимум 5-1-%. Површината на која се нанесува дисперзијата, мора да биде цврста, сува и импрегнирана со BK-Acryl. Бојата се нанесува со валјак или четка со долги влакна, најчесто во два слоја. Нанесувањето на вториот слој се врши откако првиот нанесен слој целосно ќе се исуши, што при нормални услови (температура од  23 до 25 ºC, релативна влажност на воздухот ha=50-60 %) потребни се 4-6 h.

Tемпературата на воздухот и на подлогата при нанесувањето треба да биде во опсег од 5 ºC до 30 ºC. Да не се нанесува на површини директно изложени на сончева светлина, на ветер или дожд. Висока влага и ниски температури може значително да го продолжат времето на сушење на бојата.

Рок на траење: До 18 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува на температура од 5 ºC до 25 ºC, заштитено од директна сончева светлост и од смрзнување.

Потрошувачка: Потрошувачката зависи од посакуваната нијанса. Доколку се користи како единствена боја, потрошувачката е околу 0,2 kg/m2, во зависност од впивливоста и од рапавоста на подлогата.

Шифра Баркод Пакување
7000006 жолта  8606102367625 канта 750 мл.
7000007 виолетова 8606102369261 канта 750 мл.
7000008 портокалова канта 750 мл.
7000009 црвена канта 750 мл.
7000010 зелена 8606103352705 канта 750 мл.
7000011 сина канта 750 мл.
7000012 кафена канта 750 мл.
7000013 црна канта 750 мл.
7000014 окер 8606103352712 канта 750 мл.
7000015 теракот канта 750 мл.
7000028 вишна канта 750 мл.
7000030 маслинова канта 750 мл.
А01642 лимон жолта канта 750 мл.