Боја за бетон

Акрилна боја за бетон

Опис:

Акрилна боја со висока водоотпорност наменета за заштита на бетонски и фасадни површини. Ги заштитува површините од назабување и од прашина давајќи и поубав изглед. Се произведува во 13 стандардни нијанси. Постои можност за тонирање според тон картите на Бекамент.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Bet парче канта

Подготовка и нанесување: Подлогата на која се нанесува треба да биде чиста, цврста, сува и импрегнирана со BK-Grund Universal или со BK-Bet разреден со 25% водаКај старите фасади потребно е да се остстранат сите слоеви кои не се добро припоени кон подлогата а потоа бојата да се нанесува како на нови површини. Подготовката на бојата се врши со додавање на максимум 5% вода, со добро мешање додека смесата не стане еднолична. Бојата се нанесува со валјак или четка со кратки влакна, најчесто во два слоја. Нанесувањето на вториот слој се врши откако првиот нанесен слој целосно ќе се исуши, за што при нормални услови (температура од  23 до 25 ºC, релативна влажност на воздухот ha=50-60 %) потребни се 4-6 h.

Потребно е бојата да се нанесува рамномерно и без прекини, на континуални ѕидни површини за да се избегнат нееднаквости во бојата кои настануваат кај споевите на површините, поради нерамномерно сушење и слично.

Tемпературата на воздухот и на подлогата при нанесувањето треба да биде во опсег од 5 ºC до 25 ºC. Да не се нанесува на површини кои се директно изложени на сончева светлина, ветер или дожд. Бојата е сува на допир после 5 до 8 часа во зависност од условите, додека пак комплетната отпорност на слојот се постигнува по 7 дена. Висока влага и ниски температури може значително да го продолжат времето на сушење на бојата.

Рок на траење: До 18 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува на температура од 5 ºC до 25 ºC, заштитено од директна сончева светлост и од смрзнување.

Потрошувачка: Се движи во границите од околу 0,4 kg/m2 доколку се нанесува во два слоја и во зависност од впивливоста на подлогата.

Шифра Баркод Пакување
8000001 бела канта 1 кг.
8000002 теракот канта 1 кг.
8000005 црна канта 1 кг.
8000006 сива канта 1 кг.
8000007 зелена канта 1 кг.
8000008 кафена канта 1 кг.
8000009 окер канта 1 кг.
8000010 црвена канта 1 кг.
8000011 жолта канта 1 кг.
8000012 сина канта 1 кг.
8000023 лешник канта 1 кг.
8000024 смеѓа канта 1 кг.
8000025 маслина канта 1 кг.
8000026 костен канта 1 кг.