Лепак за стиропор

Лепак за стиропор и за рабицирање

Опис:

Минерален лепак наменет за лепење на елементи од стиропор, како и за вметнување на фасадна мрежа и израмнување на целокупната фасадна површина.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Stirolfix WDVS парче вреќа

Подготовка и нанесување: Подготвувањето на масата се врши со постепено додавање на содржината од вреќата во околу 26-28 % вода (6,5-7 l вода на 25 kg вреќа, со константно мешање со електричен миксер додека масата не стане еднолична. Масата се остава да отстои 10 минути, а потоа уште еднаш се промешува и по потреба се додава вода заради подесување на конзистенцијата на лепакот.

Пред започнувањето со лепење на плочите се поставува почетна алуминиумска лајсна врз која се нанесува одредено количество лепа за да се обезбеди затворање на долната страна, а потоа врз неа се поставува првиот ред на ЕПС плочи.

Масата за лепење ја нанесуваме на целокупниот раб на ЕПС плочата со додавање на шест точки во близина на рабовите и една поголема на средина на плочата. Вториот ред плочи се поставува со поместување од најмалку 30 cm во однос на почетокот на плочите во првиот ред, т.н. правило на поместување (ова правило се применува и при лепење на секој следен ред ЕПС плочи). Правилото на запчест спој е потребно да се примени на ќошовите на објектот, (вкрстено лепење на плочите) со продолжување на аглите на плочите од минимум 5 cm преку надворешната површина на плочата од соседната страна. Плочите се лепат тесно една до друга така да лепакот не стигнува до површините со кои се допираат ЕПС плочите. Евентуалните пукнатини треба да се затворат со парчиња од ЕПС плочи или со пурпена, а не со лепакот за стиропор.

Лепењето на ЕПС плочите околу отвори бара посебно внимание. Неопходно е да се искројат ЕПС плочите така да се избегне поклопување на рабовите на отворот со рабовите на плочите.

BK-StirolFix WDVS не се препорачува за премачкување на арматурна мрежа, ниту за израмнување на комплетната фасадна површина. Доколку BK-StirolFix WDVS се користи за оваа намена, постои веројатност да се појават тенки пукнатини на фасадата со тек на времето. Евентуалната појава на пукнатини зависи од техниката на вградување, од квалитетот на користениот стиропор, од лепакот и од фасадната мрежа. Препорака на производителот е за оваа намена да се користи BK-StirolFix 1.

Времето на сушење при нормални услови (температура од 23 до 25 ºC, релативна влажност на воздухот 50-60 %) изнесува 24 часа по што може да се пристапи кон поставување типли, отсекување на вишокот на плочи на ќошовите на објектот и стругање на евентуални нерамнини, рачно со соодветен алат или машински со помош на жирафа. Поставувањето типли се изведува со цел дополнително да се прицврстат плочите и се изведува на местата на чворовите и на средината на плочите (оптимално 6-10 типли/m2). Вдлабнатините кои се јавуваат на местата каде што се поставени типлите да се пополнат со тенок слој на лепак.

За да се спречи евентуална појава на дијагонални пукнатини на аглите на отворот, пред започнувањето со армирањето на целата фасада потребно претходно да се изврши армирање по аглите на отворот. Армирањето се врши со помош на парчиња стаклена мрежа со димензии 50×50 cm, кои се поставуваат дијагонално на самиот раб на отворот и се залепуваат за површината на ЕПС плочите со помош на лепак наменет за армирање.

Пред започнување со армирање, потребно е да се изврши дополнително зајакнување на критичните делови како што се ќошовите на објектот и рабовите на околу отворот, со помош на соодветни аголни профили. Втиснувањето на профилите се врши врз слој на веќе нанесен лепак а потоа по целата должина на профилот се нанесува дополнителен слој лепак заради израмнување.

48 часа по лепењето на ЕПС плочите, во нормални услови може да се пристапи на втиснување на мрежата врз фасадната површина. Лепакот се нанесува на целата површина на фасадата. Лепакот се нанесува со назабена глетарка (длабочина на забите 3-5 mm) а потоа врз така нанесениот свеж лепак се втиснува арматурната стаклена мрежа, од горе према долу, со задолжително преклопување на рабовите на мрежата од минимум 10 cm. Втиснувањето се врши така да мрежата биде видлива а не да е целата прекирена со лепакот. На овака нанесен и зацврснат лепак, по 24 часа сушење, се нанесува завршниот слој на лепак со кој се врши фино израмнување на фасадната површина. Вкупната дебелина на завршниот слој не треба да биде поголем од 4-5 mm.

Во сите овие фази потребно е да се врши проверка на рамнината на ѕидот со летва со должина од 2 до 3 метри. На подготовката на подлогата треба да се посвети големо внимание затоа што нерамнините го отежнуваат обработувањето на завршниот малтер и оневозможуваат добивање на задоволителна структура.

Tемпературата на воздухот и на подлогата при нанесувањето треба да биде во опсег од 5 ºC до 25 ºC. Да не се нанесува на површини директно изложени на сончева светлина, ветер или дожд. Висока влага и ниски температури може значително да го продолжат времето на сушење на лепакот.

Рок на траење: До 12 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува во суви простории, наредено на палети.

Потрошувачка: Околу 4-5 kg/m2, за лепење или за израмнување.

Шифра Баркод Пакување
1000025 вреќа 25 кг.