Лепак за стиропор

Лепак за стиропор

Опис:

Лепак на цементна база за лепење исклучиво на елементи од стиропор, на различни минерални подлоги. Овој производ не е наменет за вметнување на фасадна мрежа, ниту за израмнување на целокупната површина на фасадата. Производот се користи исклучиво како една од компонентите за лепење на стиропорни плочи, во рамките на Bekatherm термоизолациониот стандард.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Stirolfix Base парче вреќа

Подготовка и нанесување: Подлогата на која се нанесува лепакот мора да биде цврста, чиста, без пукнатини, и без дамки од масло или од боја. Подготовката се врши со додавање на прашокот во околу 26-28% вода, се додека не се добие изедначена смеса. Масата се остава да отстои 10 минути, а а потоа повторно се промешува додека се да се добие лепак со прифатлива густина, без грутки. Подготвената маса за лепење се нанесува по целокупната должина на рабовите на стиропорната плоча, дополнително со три точки на нанесување на средината на плочата, со дијаметар од околу 10 cm. Линиите по рабовите на плочата треба да се нанесуваат со широчина од минимум 5 cm и со дебелина од 1,5-2,0 cm. Покриеноста на стиропорнат плоча со лепак треба да биде минимум 40%. По сушењето од најмалку 2 дена, може да се започне со поставување на типли кои се неопходни во системот со лепакот BK-StirolFix Base. За подетални упатства побарајте го техничкиот лист на производот.

Оптимални временски услови за користење на лепакот е температура на воздухот од +5°C до +30°C. Можност за поставување типли: два дена по сушење на лепакот, на оптимални услови со температура од +23°C и рел влажност на воздухот од 50-60%.

Рок на траење: До 12 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува во суви простории, наредено на палети.

Потрошувачка: Околу 4-5 kg/m2, за лепење на плочи од стиропор.

Шифра Баркод Пакување
А12741 8606107657196 вреќа 25 кг.