Малтери

Декоративен тенкослоен малтер на силикатна основа

Опис:

Висококвалитетен силикатен декоративен малтер во пастозна состојба со голема цврстина, и со исклучителна обработливост и добра паропропусност. Отпорен е на УВ зрачење и на атмосферски влијанија. Поради своите карактеристики се препорачува при санација на фасади на стари објекти, како и за заштита на споменици на културата. Може да се тонира во повеќе од 300 нијанси.

Назив Ед.Мера Пакување
BK-S Plast парче канта

Подготовка и нанесување: Пред употреба на малтерот потребно е добро да се промеша со електрична мешалка а потоа по потреба да се разреди со мала количина вода 1-2 % (250-500 ml/25 kg) со цел подесување на густината на малтерот.

Пред нанесување на малтерот, потребно е да се провери нијансата а потоа да се изврши изедначување на нијансите од различни канти, за да се избегнат разлики во нијанси од одредени канти. Кога ќе се потроши една четвртина од кантата, потребно е истата да се дополни со малтер од следната канта, да се промеша и да се продолжи со нанесување се’ додека не се потроши целата количина на малтер.

Подлогата на која се нанесува малтерот мора да биде цврста, рамна и чиста. Подлогата треба да биде импрегнирана со BK-Grund Silicat подлога.

Малтерот се нанесува со челична глетарка во дебелина на најкрупното зрно, а финалниот изглед се постигнува со дополнителни операции со помош на пластична глетарка, по желба на инвеститорот, додека нанесената маса се’ уште е влажна и може да се обработува.

Потребно е да се нанесува рамномерно и без прекин на континуални ѕидни површини, за да се избегнат нееднаквости кои настануваат при спојување на површините, од нерамномерно сушење и сл.

Температурата на воздухот и на подлогата при нанесување на материјалот треба да се движи во опсег од 5 ºC до 30 ºC. Не треба да се нанесува на површини директно изложени на сончева светлина, на ветар или на дожд. Висока влага и ниски температури може значително да го продолжат времето на врзување на малтерот.

При нанесување на BK-S Plast неопходно е ѕидните површини да се заштитат со заштитни завеси без оглед на временските услови, за да се овозможи рамномерно сушење на премазот и да се спречи појава на флеки.

Рок на траење: До 12 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува на температура од 5 ºC до 25 ºC, заштитено од директна сончева светлина и од замрзнување.

Шифра Тип Баркод Пакување
2000099 2,0mm F 8606102367649 канта 25 кгр.
А01702 1,5mm F 8606107138664 канта 25 кгр.