Малтери

Декоративен малтер на база на силиконски смоли

Опис:

Висококвалитетен силиконски декоративен малтер во пастозна состојба со исклучителна обработливост и добра паропропусност. Отпорен е на УВ зрачење и на атмосферски влијанија. Може да се тонира во повеќе од 300 нијанси.

Назив Ед.Мера Пакување
BK-Sil парче канта

Подготовка и нанесување: Пред употреба на малтерот потребно е добро да се промеша со електрична мешалка а потоа по потреба да се разреди со мала количина вода 1-2 % (250-500 ml/25 kg) со цел подесување на густината на малтерот.

Пред нанесување на малтерот, потребно е да се провери нијансата а потоа да се изврши изедначување на нијансите од различни канти, за да се избегнат разлики во нијанси од одредени канти. Кога ќе се потроши една четвртина од кантата, потребно е истата да се дополни со малтер од следната канта, да се промеша и да се продолжи со нанесување се’ додека не се потроши целата количина на малтер.

Подлогата на која се нанесува малтерот мора да биде цврста рамна и чиста. Подлогата треба да биде импрегнирана со BK-Grund Universal подлога.

Малтерот се нанесува со челична глетарка во дебелина на најкрупното зрно, а финалниот изглед се постигнува со дополнителни операции со помош на пластична глетарка, по желба на инвеститорот, додека нанесената маса се’ уште е влажна и може да се обработува.

Потребно е да се нанесува рамномерно и без прекин на континуални ѕидни површини, за да се избегнат нееднаквости кои настануваат при спојување на површините, од нерамномерно сушење и сл.

Температурата на воздухот и на подлогата при нанесување на материјалот треба да се движи во опсег од 5 ºC до 30 ºC. Не треба да се нанесува на површини директно изложени на сончева светлина, на силен ветар или на дожд. Висока влага и ниски температури може значително да го продолжат времето на врзување на малтерот.

При нанесување на BK-Sil неопходно е ѕидните површини да се заштитат со заштитни завеси без оглед на временските услови, за да се овозможи рамномерно сушење на премазот и да се спречи појава на флеки.

Потрошувачка: Прикажано во табелата по м.кв.

Производ Гранулација Зарибана (rajb)структура Полна (full)структура
Посебно фино зрно 1,0mm / 2,30kg
Фино Зрно 1,5mm 2,5kg 2,8kg
Средно фино зрно 2,0mm 2,8kg 3,2kg

Рок на траење: До 18 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува на температура од 5 ºC до 25 ºC, заштитено од директна сончева светлина и од замрзнување.

Шифра Тип Баркод Пакување
A01746 база 8606103352613 канта 25 кгр.
бел канта 25 кгр.