Лепак за стиропор

Бел лепак за плочи од стиропор

Опис:

Минерален лепак на база на бел цемент, наменет за лепење на елементи од стиропор, како и за вметнување фасадна мрежа и израмнување на целокупната фасадна површина.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Stirolfix White парче вреќа

Подготовка и нанесување: Подготвувањето на масата се врши со постепено додавање на содржината од вреќата во околу 26-28 % вода (6,5-7 l вода на 25 kg вреќа, со константно мешање со електричен миксер додека масата не стане еднолична. Масата се остава да отстои 10 минути, а потоа уште еднаш се промешува и по потреба се додава вода заради подесување на конзистенцијата на лепакот.

Подлогата на која се нанесува лепакот мора да биде цврста, чиста, носива, без пукнатини и без флеки од масло или боја.

Пред започнувањето со лепење на плочите се поставува почетна алуминиумска лајсна врз која се нанесува одредено количество лепак за да се обезбеди затворање на долната страна, а потоа врз неа се поставува првиот ред на плочи од стиропор.

Масата за лепење ја нанесуваме на целокупниот раб на ЕПС плочата со додавање на шест точки во близина на рабовите и една поголема на средина на плочата. Вториот ред на ЕПС плочи се поставува со поместување од најмалку 30 cm во однос на почетокот на плочите во првиот ред, т.н. правило на поместување (ова правило се применува и при лепење на секој следен ред плочи). Правилото на запчест спој е потребно да се примени на ќошовите на објектот, (вкрстено лепење на плочите) со продолжување на аглите на плочите од минимум 5 cm преку надворешната површина на плочата од соседната страна. Плочите се лепат тесно една до друга така да лепакот не стигнува до површините со кои се допираат ЕПС плочите. Евентуалните пукнатини треба да се затворат со парчиња од ЕПС плочи или со пурпена, а не со лепакот.

При лепење на плочи од минерална волна, лепакот се нанесува на целокупната површина плочата со назабена глетарка (длабочина на запците 5-8 mm), со понатамошно постапување како и во случајот со ЕПС плочите. Поради тежината на плочите од минерална волна, се препорачува лепење на првиот ред плочи на сите страни на објектот по должина на целата фасада, а потоа се продолжува со лепење на вториот, третиот и останатите редови на ист начин.

Лепењето на ЕПС плочите околу отвори бара посебно внимание. Неопходно е да се искројат ЕПС плочите така да се избегне поклопување на рабовите на отворот со рабовите на плочите.

Времето на сушење при нормални услови (температура од 23 до 25 ºC, релативна влажност на воздухот 50-60 %) изнесува 24 часа по што може да се пристапи кон поставување типли, отсекување на вишокот на плочи на ќошовите на објектот и стругање на евентуални нерамнини, рачно со соодветен алат или машински со помош на жирафа. Поставувањето типли се изведува со цел дополнително да се прицврстат плочите и се изведува на местата на чворовите и на средината на плочите (оптимално 6-10 типли/m2). Поставувањето на типли во случај на лепење плочи од минерална волна, се изведува задолжително и тоа со метални типли за таа намена. Вдлабнатините кои се јавуваат на местата каде што се поставени типлите да се пополнат со тенок слој на лепак.

За да се спречи евентуална појава на дијагонални пукнатини на аглите на отворот, пред започнувањето со армирањето на целата фасада потребно претходно да се изврши армирање по аглите на отворот. Армирањето се врши со помош на парчиња стаклена мрежа со димензии 50×50 cm, кои се поставуваат дијагонално на самиот раб на отворот и се залепуваат за површината на плочите со помош на лепак наменет за армирање.

Пред започнување со армирање, потребно е да се изврши дополнително зајакнување на критичните делови како што се ќошовите на објектот и рабовите на околу отворот, со помош на соодветни аголни профили. Втиснувањето на профилите се врши врз слој на веќе нанесен лепак а потоа по целата должина на профилот се нанесува дополнителен слој лепак заради израмнување.

Минимум 48 часа по лепење на плочите, во нормални услови може да се пристапи на втиснување на мрежата врз фасадната површина. Лепакот се нанесува на целата површина на фасадата. Лепакот се нанесува со назабена глетарка (длабочина на забите 3-5 mm) а потоа врз така нанесениот свеж лепак се втиснува арматурната стаклена мрежа, од горе према долу, со задолжително преклопување на рабовите на мрежата од минимум 10 cm. Втиснувањето се врши така да мрежата биде видлива а не да е целата прекирена со лепакот. На овака нанесен и зацврстен лепак, по 24 часа сушење, се нанесува завршниот слој на лепак со кој се врши фино израмнување на фасадната површина. Вкупната дебелина на завршниот слој не треба да биде поголем од 4-5 mm.

Во сите овие фази потребно е да се врши проверка на рамнината на ѕидот со летва со должина од 2 до 3 метри. На подготовката на подлогата треба да се посвети големо внимание затоа што нерамнините го отежнуваат обработувањето на завршниот малтер и оневозможуваат добивање на задоволителна структура.

Tемпературата на воздухот и на подлогата при нанесувањето треба да биде во опсег од 5 ºC до 30 ºC. Да не се нанесува на површини директно изложени на сончева светлина, ветер или дожд. Висока влага и ниски температури може значително да го продолжат времето на сушење на лепакот.

Рок на траење: До 12 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува во суви простории, наредено на палети.

Потрошувачка: Околу 4-5 kg/m2 доколку се користи за лепење и од 4-5 kg/m2 доколку се користи за израмнување, и во зависност од елементите кои се лепат на фасадата.

Шифра Баркод Пакување
вреќа 25 кг.