Внатрешни ѕидови

Декоративен акрилен малтер за внатрешни ѕидови

Опис:

Висококвалитетен акрилен декоративен малтер во пастозна состојба, со голема цврстина, водоотпорност и извонредна обработливост, наменет за внатрешна употреба.

Структурс на малтерот: rajb (зарибана) и ful (полна).

Назив Ед.Мера Пакување
BK In Plast парче канта

Подготовка и нанесување: Пред употреба, содржината во кантата треба добро да се промеша, а потоа доколку е потребно да се разреди со малку вода (максимум до 250 ml/25 kg), со цел да се подеси конзистенцијата на малтерот до пенаста маса. Мешањето на материјалот да се врши со пресипување од канта во канта, со рачно мешање или евентуално со електрична мешалка со помал број на вртежи. Мешањето на малтерот со стандардна електрична мешалка со поголем број на вртежи може да доведе до оштетување на обоеното мермерно зрно, а со тоа и до заматување или до пребојување на емулзијата.

Подлогата на која се нанесува малтерот мора да биде цврста рамна и чиста. Пред нанесувањето на BK-IN Plast потребно е подлогата да се премачка со BK-Acryl. Малтерот го нанесуваме рачно со нерѓосувачка челична глетарка нагоре, во 50% поголема дебелина на слојот од големината на зрната. Веднаш по нанесувањето, се продолжува со изгладување и израмнување на материјалот со истата глетарка, при што се движи во еден правец. Нанесениот слој треба да биде рамномерен, со изедначена дебелина, и без празнини помеѓу зрната. Во тек на изгладувањето, потребно е повремено да се чисти алатот и да се отстранува вишокот на емулзија, за да се избегне појава на заматување по исушувањето на материјалот. Оваа појава се манифестира во вид на млечно-бели флеки на површината на материјалот.

Потребно е да се нанесува рамномерно и без прекин на континуални ѕидни површини, за да се избегнат нееднакости кои настануваат при спојување на површините, од нерамномерно сушење и сл.

Температурата на воздухот и на подлогата при нанесување на материјалот треба да се движи во опсег од 5 ºC до 30 ºC. Не треба да се нанесува на површини директно изложени на сончева светлина, на ветар или на дожд. Висока влага и ниски температури може значително да го продолжат времето на врзување на малтерот.

Потрошувачка: Прикажано во табелата по м.кв.

Производ Гранулација Зарибана (rajb)структура Полна (full)структура
Посебно фино зрно 1,0mm / 2,3kg
Фино Зрно 1,5mm 2,6kg 2,8kg
Средно фино зрно 2,0mm 3,0kg 3,2kg

Рок на траење: До 18 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува на температура од 5 до 25 ºC, заштитено од директна сончева светлина и од замрзнување.

Шифра Баркод Пакување
канта 25 кгр.