Внатрешни ѕидови

Мозаик малтер со светкави додатоци

Опис:

Декоративен мозаик малтер од разнобојно зрно со светкави додатоци наменет за обработување на внатрешни ѕидови, ходници, столбови и детали кои треба посебно да се истакнат. Погоден е за ѕидни површини под халогени светилки. Производот не е погоден за примена на свежи гипсени малтери и на влажни површини. Мозаик малтерот може да се нанесува на фини цементни малтери, на рамни бетонски површини, на гипс-картонски плочи и слично. Се одликува со исклучителна цврстина и водоотпорност.

Назив Ед.Мера Пакување
BK In Kul Brilliant парче канта

Подготовка и нанесување: Пред употреба, содржината во кантата треба добро да се промеша, а потоа доколку е потребно да се разреди со малку вода (максимум до 250 ml/25 kg), со цел да се подеси конзистенцијата на малтерот до пенаста маса. Мешањето на материјалот да се врши со пресипување од канта во канта, со рачно мешање или евентуално со електрична мешалка со помал број на вртежи. Мешањето на малтерот со стандардна електрична мешалка со поголем број на вртежи може да доведе до оштетување на обоеното мермерно зрно, а со тоа и до заматување или до пребојување на емулзијата.

Подлогата на која се нанесува малтерот мора да биде цврста рамна и чиста. Пред нанесувањето на BK-IN Kul Brilliant потребно е подлогата да се премачка со BK-Acryl. Малтерот го нанесуваме рачно со нерѓосувачка челична глетарка нагоре, во 50% поголема дебелина на слојот од големината на зрната. Веднаш по нанесувањето, се продолжува со изгладување и израмнување на материјалот со истата глетарка, при што се движи во еден правец. Нанесениот слој треба да биде рамномерен, со изедначена дебелина, и без празнини помеѓу зрната. Во тек на изгладувањето, потребно е повремено да се чисти алатот и да се отстранува вишокот на емулзија, за да се избегне појава на заматување по исушувањето на материјалот. Оваа појава се манифестира во вид на млечно-бели флеки на површината на материјалот.

Потребно е да се нанесува рамномерно и без прекин на континуални ѕидни површини, за да се избегнат нееднакости кои настануваат при спојување на површините, од нерамномерно сушење и сл.

Температурата на воздухот и на подлогата при нанесување на материјалот треба да се движи во опсег од 5 ºC до 30 ºC. Не треба да се нанесува на површини директно изложени на сончева светлина, на ветар или на дожд. Висока влага и ниски температури може значително да го продолжат времето на врзување на малтерот.

Рок на траење: До 18 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува на температура од 5 до 25 ºC, заштитено од директна сончева светлина и од замрзнување.

Гранулација (големина на зрното): 1,0 mm.

Потрошувачка: Oколу 3 kg/m2.

Шифра Баркод Пакување
2000037 8606107657851 канта 25 кгр.