Внатрешни ѕидови

Средство за спречување ѕидна мувла

Опис:

Безбојна фунгицидна течност која се користи како додаток на внатрешните дисперзиони бои, го заштитува слојот на нанесената боја од дејството на микроорганизми со цел зачувување на карактеристиките на премазот на бојата.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Poli Cid парче шише

Подготовка и нанесување: Шишенцето пред употреба треба добро да се промеша. Потоа содржината во шишето треба добро да се промеша во дисперзиона боја. За понатамошната употреба да се придржувате до соодветните упатства за дисперзионата боја. Откако ќе се исуши, премачканата површина не е штетна по човековото здравје. Во завиност од условите, за сушење на површината потребни се 2-4 часа. Средството може да се користи при секое ново нанесување на дисперзионата боја. Најлесно се нанесува со четка или со валјак. Претходно зафатени површини со мувла, треба прво да се исчистат со BK Sani Cid,  а потоа да се премачкаат со ова средство.

Напомена: Конечното разблажување на дисперзионата боја треба да се намали за количината на BK-Poli Cid кој е додаден во бојата.

Рок на траење: До 6 месеци, доколку се чува во оригиналната амбалажа на пакување. Се складира и чува на тенпература од 5 до 25 степени, заштитено од директна сончева светлина и од смрзнување.

Потрошувачка: 60 ml од средството BK Poli Cid на 1 kg внатрешна дисперзиона боја (BK Pol, BK Pol Gold, BK Pol Crystal).

Шифра Баркод Пакување
6000042 8606102367359 шише 500 мл