Керамика

Фуга за керамички плочки

Опис:

Висококвалитетна, водоотпорна маса за фугирање на подни и ѕидни облоги од керамички, мермерни и стаклени плочки, како и од сите видови камени плочки, на вертикални и хоризонтални површини. Наменета е за фуги со ширина до 10 mm, за внатрешна и надворешна употреба. Отпорна е на создавање Се произведува во 24 стандардни нијанси.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Fugomal парче канта

Подготовка и нанесување: Подготвувањето на масата се врши со постепено додавање на содржината од вреќата во околу 28% вода (okolu 560 ml вода на 2kg прашок), со константно мешање со електричен миксер додека масата не стане еднолична. Количината на водата потребна за формирање на смесата делумно зависи и од избраната нијанса на фугата.  Масата се остава да отстои 5 минути, а потоа уште еднаш се промешува и по потреба се додава вода заради подесување на конзистенцијата на масата.

Пред нанесување на фуга масата, отворот за фугата треба да се исчисти од остатоци од лепак и прашина. Фуга масата се нанесува со гумена шпакла или со гумена глетарка и тоа под агол од 45 степени во однос на линијата на фугата. Масата се поттиснува така фугата биде добро исполнета со маса за фугирање. По одредено време кога фуга масата површински ќе зацврсне и ќе ја промени бојата на поставената маса помеѓу плочките, (во нормални временски услови потребни се 30 минути), површината на плочките да се пребрише со влажен сунѓер или влажна крпа, во правец дијагонално на плочката. Потоа плочките да се исполираат со сува крпа.

Во случај на порозни и/или плочки со голема впивливост, чистењето може да биде значително отежнато па пред почетокот со работата се препорачува пробно фугирање. Фуга масата содржи честички кои може во одредени случаи да делуваат абразивно на површината на плочките па исто така се препорачува пробно фугирање на помала површина.

Tемпературата на воздухот и на подлогата при нанесувањето треба да биде во опсег од 5 ºC до 25 ºC. Да не се нанесува на површини директно изложени на сончева светлина, ветер или дожд. Висока влага и ниски температури може значително да го продолжат времето на сушење на лепакот.

Времето на сушење во нормални услови до лесно пешачко оптоварување изнесува 8 часа. Времето на сушење во нормални услови до целосно оптоварување изнесува 7 дена.

Рок на траење: До 24 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува во суви простории, наредено на палети.

Потрошувачка: Околу 0,5-1 kg/m2 во зависност од ширината на фугата и од димензиите на плочките.

Шифра Баркод Пакување
10000001 F1 8606103352279 канта 2 кг.
10000003 F2 8606103352323 канта 2 кг.
10000004 F3 канта 2 кг.
10000005 F4 8606103352347 канта 2 кг.
10000006 F5  8606103352354 канта 2 кг.
10000007 F6 8606103352361 канта 2 кг.
10000008 F7 канта 2 кг.
10000009 F8 канта 2 кг.
10000010 F9 8606103352392 канта 2 кг.
10000011 F10 канта 2 кг.
10000012 F11 канта 2 кг.
10000013 F12 канта 2 кг.
10000014 F13 канта 2 кг.
10000015 F14 канта 2 кг.
10000016 F15 канта 2 кг.
10000017 F16 канта 2 кг.
10000018 F17 8606103352477 канта 2 кг.
10000019 F18  8606103352484 канта 2 кг.
10000020 F19 8606103352491 канта 2 кг.
10000021 F20 8606103352514 канта 2 кг.
10000022 F21 канта 2 кг.
10000023 F22 канта 2 кг.
10000026 F23 8606103352538 канта 2 кг.
10000027 F24 8606103352545 канта 2 кг.