Блог

BK Bond – високо адхезивна подлога

BK-Bond е високо адхезивна подлога која првенствено се користи за подобрување на лепливоста на мазни, слабо впивливи и проблематични површини, како што се керамички плочки, мазни бетони и други цврсти компактни невпивливи површини. Содржината на BK-Bond кога ќе се разреди со вода, може да се користи и принанесување на глет маса, лепаци за керамика, саморазливачки маси, минерални малтери, на гипс-картонски и цементно-влакнести плочи, анхидрит подлоги, високоапсорбирачки малтери, и други цементни подлоги. Нанесувањето на BK-Bond ја врзува заостанатата прашина и егализација на површината, а на тој начин се подобрува врзувањето на наредниот слој на подлогата.

Високо адхезивна подлога за слабо впивливи површини

Назив Ед.Мера Пакување
BK Bond парче шише

Подготовка и нанесување: Пред употреба, содржината на BK-Bond задолжително добро да се промеша. BK-Bond при примена на слабо впивливи површини, треба да се нанесе неразреден со четка или со валјак со кратки влакна, најчесто во еден слој. На вака нанесениот премаз може да се нанесуваат следните слоеви после мин шест часа сушење на нормални услови (23°C и 50-60% р.в.в.), кога премазот би требало да достигне отпорност на гребење. Кога се нанесува на впивливи површини, содржината треба да се разреди со вода во однос 1:3 (прајмер : вода). Разредениот производ се нанесува со четка, со валјак или со попрскување во еден или два слоја, во зависност од впивливоста на подлогата и од саканиот ефект, по принципот мокро на мокро.

Рок на траење: До 12 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува на температура од 5°C до 25°C, заштитено од директна сончева светлина и од замрзнување.

Потрошувачка: Околу 50–100 ml/m2 во зависност од впивливоста и од рапавоста на подлогата.

Шифра Баркод Пакување
А13411 8606107657462 шише 1 л