Внатрешни ѕидови

Високопренетрирачки премаз за минерални подлоги

Опис:

BK-Penetrat  е длабински, паропропусен премаз наменет за импрегнација, зацврстување и водоотпорност на сите видови на минерални подлоги. Овој прајмер поради своите екстремно фини честички, има способност за извонредна пенетрација и затоа е многу поволен за реставрација и санација на споменици на културата и на стари историски објекти, кога е потребно дополнително да се поврзат или зајакнат трошни и оштетени површински малтери.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Penetrat парче канта

Подготовка и нанесување: Подлогата на која се нанесува BK-Penetrat мора да биде чиста, без остатоци од масло и потребно е да се отстранат слабо врзаните делови колку што е можно повеќе. Подлогата се нанесува нанеразредена со четка или со валјак. Кај многу стари и јако впивливи површини грундирањето треба да се изврши во два слоја, во интервал од 4-5 часа. Времето на сушење е најмалку 24 часа.

Да се нанесува на температура од 5°C до 25°C. Да не се нанесува при силна сончева светлина, нути на ветер или дожд.

Рок на траење: До 12 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува на температура од 5°C до 25°C, заштитено од директна сончева светлина и од замрзнување.

Потрошувачка: Околу 50–80 ml/m2 во зависност од впивливоста и од рапавоста на подлогата.

Шифра Баркод Пакување
А06215 8606103352071 канта 5 л