Внатрешни ѕидови

Подлога за нерамномерно впивливи површини

Опис:

BK-Nivelator e длабински премаз наменет за изедначување и за неутрализација на нерамномерно впивливи површини како што се гасбетон, цигла, порозен камен и слично. Се користи како подлога кај високовпивливи површини пред малтерисување со варно-цементни или со гипс-цементни малтери, со цел спречување на нерамномерното сушење и пукање на малтерот, како и пред израмнување на ѕидни површини со глет маса. Откако ќе се исуши, премазот е безбоен и и нема негативно влијание на паропропусноста на системот.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Nivelator парче канта

Подготовка и нанесување: Подлогата на која се нанесува BK-Nivelator мора да биде цврста, чиста, сува и без остатоци на масло. BK-Nivelator подлогата пред употреба треба да се промеша и да се разреди со вода во размер од 1;6 до 1:10. Премазот најчесто се нанесува со валјак, со четка или со прксалка. Во случај на високовпивливи површини, може да се нанесе и двапати по принципот влажно на влажно.

Темепратурата на воздухот и на подлогата при нанесувањето на производот треба да се движи во опсегот од 5 ºC до 30ºC. Да не се нанесува на површини изложени на директна сончева светлина, на дожд или на силен ветер.

Рок на траење: До 18 месеци, доколку се чува во оригинално спакуваната амбалажа. Да се складира и чува на температура од 5 ºC до 25 ºC степени, заштитено од директна сончева светлина и од замрзнување.

Потрошувачка: Околу 30-60 g/m2, во зависност од впивливоста на подлогата.

Шифра Баркод Пакување
А01975 8606102367120 канта 10 кгр