Внатрешни ѕидови

Акрилна боја за декорација на внатрешни површини

Опис:

BK Iskra е специјална акрилна боја за декорација на внатрешни површини. Брилијантната финална структура потекнува од сјајните кристали кои даваат полн ефект на бојата. BK-Iskra е идеална за истакнување на одредени делови од просториите, а посебен ефект се постигнува во комбинација со природна или вештачка светлина.  Нијансите во кои може да се тонира даваaт шриок спектар на можности.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Iskra парче канта

Подготовка и нанесување: Aдекватни подлоги се сите површини израмнети со BK-GletEx Acryl или со BK-GletEx Universal. Неопходно е ѕидните површини да бидат добро изглетувани, суви и цврсти. Пред нанесувањето на декоративната боја, потребно е глетуваните површини да се премачкаат со BK-Deco Acryl подлога (времето на сушење е минимум 6 часа).

Подготовката на бојата се врши со додавање на едно пакување BK-Kristali во 1 литар боја (во зависност од желбите, може да се додаде и повеќе). Масата полека се промешува и неразредената боја се нанесува со молерска четка во два слоја. Напомена: материјалот може да се нанесува и со компресор. Нанесувањето на првиот слој се врши непрекинато на континуални површини од едниот до другуот крај на ѕидот, при што е потребно да се направи блага дијагонала за да се избегнат видливите составни честички на материјалот и да се избегне пребрзо сушење на материјалот. Вториот слој се нанесува откако ќе се исуши првиот (околу 6 часа) со истата постапка но овојпат започнувајќи од другиот крај на ѕидот.

Пожелно е декоративната техника BK-Iskra да се нанесе на површини пребоени со BK-Pol Gold или BK-Pol Crystal.

BK-Iskra премазот откако добро ќе се исуши е отпорен на влажно бришење. Времето на сушење е 24 часа.

Температурата на воздухот и на подлогата при нанесување на материјалот треба да се движи во интервал од 8 ºC до 35 ºC.

Рок на употреба: До 12 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува на температура од 5 до 25 степени, заштитено од директна сончева светлина и од замрзнување.

Бои: BK Iskra бела и плус дополнителни нијанси по тон карта. Нијансите помеѓу себе може да се мешаат во произволен однос.

Потрошувачка: Околу 150-200 ml/m² во зависност од техниките на нанесување.

Шифра Баркод Пакување
A05762 8606107153995 канта 1 л