Внатрешни ѕидови

Акрилна пастозна маса за декорација на внатрешни површини

Опис:

BK-Perla e акрилна пастозна маса, наменета за декорација на на внатрешни површини, со одлична паропропусност и со отпорност на развој на микроорганизми. Благодарение на специјалните адитиви, премазот се одликува со фина структура слична на седеф. Со развојот на нови декоративни нијанси и во комбинација со материјали со висок квалитет, постигнат е нејзиниот специфичен бисерен сјај. За овој производ може да се применуваат различни техники на нанесување, што го прави BK-Perlа неповторлив и оригинален производ за Вашите ѕидови.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Perla парче канта

Подготовка и нанесување: Адекватни подлоги се сите површини израмнети со BK-GletEx Acryl или со BK-GletEx Universal. Неопходно е ѕидните површини да бидат добро изглетувани, суви и чисти. Пред нанесување на декоративната маса, глетуваните површини треба да се премачкаат со BK-Deco Acryl подлога чие време на сушење е минимум 6 часа.

BK-Perla е материјал кој е подготвен за нанесување. Масата полека треба да се промеша. Првиот слој се нанесува со шпакла или со трапезаста глетарка. Вториот слој се нанесува откако ќе се исуши првиот слој, а третиот слој се нанесува откако ќе се исуши вториот слој. При ова, ефектот на материјалот се постигнува со пластична заоблена глетарка. Времето на сушење помеѓу слоевите е 6 до 8 часа. Во зависност од техниките на нанесување, може да се добијат различни ефекти на текстурата.

BK-Perla премазот откако ќе се исуши, е отпорен на влажно бришење.

Температурата на воздухот и на подлогата при нанесување на материјалот треба да се движи во интервал од 8ºC до 35ºC. Времето на сушење на премазот е 24 часа.

Рок на употреба: До 12 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува на температура од 5ºC до 25ºC степени, заштитено од директна сончева светлина и од замрзнување.

Потрошувачка: Околу 250-300 ml/m² во зависност од техниките на нанесување.

Шифра Баркод Пакување
A05767 злато 8606107153506 канта 1 л
А05766 сребро 8606107138626 канта 1 л
A05768 седеф 8606107657998 канта 1 л