Внатрешни ѕидови

Пастозна маса за декорација на внатрешни ѕидови

Опис:

BK-Perla e пастозна маса, наменета за декорација на на внатрешни површини. Со својот живописен ефект на кора од дрво на Вашиот ѕид, дава впечаток на престој во природен амбиент. Со лесно нанесување и со малку фантазија можете да добиете многубројни варијанти на нијанси, текстури и контрасти, кои ќе Ви овозможат да внесете живот во Вашата просторија.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Natura парче канта

Подготовка и нанесување: Адекватни подлоги се сите површини израмнети со BK-GletEx Acryl или со BK-GletEx Universal. Неопходно е ѕидните површини да бидат добро изглетувани, суви и чисти. Пред нанесување на декоративната маса, глетуваните површини треба да се премачкаат со BK-Deco Acryl подлога чие време на сушење е минимум 6 часа.

BK-Natura е материјал кој е подготвен за нанесување. Масата полека треба да се промеша. Првиот слој се нанесува со шпакла или со трапезаста глетарка. По нанесувањето, свежиот материјал се обработува со т.н. ‘чешел,, за декоративни материјали, со валјаци за постигнување текстура или со други слични алатки во завиност од посакуваната структура. Посушењето за кое е потребно 24 часа, дополнителен ефект се постигнува со нанесување на боја BK–Velatura со помош на молерска четка. Додека нанесената боја е се уште влажна, потребно е вишокот боја да се отстрани со помош на сунѓер. Со комбинација на различни техники на наесување и алатки, може да се добие финална структура како што е имитација на дрвена кора, крокодилска кожа, мермер и слично.

BK-Natura премазот откако ќе се исуши, е отпорен на влажно бришење.

Температурата на воздухот и на подлогата при нанесување на материјалот треба да се движи во интервал од 8ºC до 35ºC. Времето на сушење на премазот е 24 часа.

Рок на употреба: До 12 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува на температура од 5ºC до 25ºC степени, заштитено од директна сончева светлина и од замрзнување.

Бои: BK Natura бела и плус дополнителни нијанси по тон карта. Нијансите помеѓу себе може да се мешаат во произволен однос.

Потрошувачка: Околу 300-500 ml/m² во зависност од техниките на нанесување.

Шифра Баркод Пакување
A05764 8606107657974 канта 5 л