Внатрешни ѕидови

Полутранспарентна боја за декоративни техники

Опис:

BKVelatura е полутранспарентна боја со силиконски адитиви наменета за  добивање на специјални ефекти кај различни декоративни техники. Се препорачува и за внатрешни и за надворешни ѕидни површини.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Velatura парче канта

Подготовка и нанесување: BK-Velatura е материјал кој е веднаш подготвен за нанесување. Пред употреба, масата полека се промешува. Нанесувањето на бојата се врши со четка со долги влакна во еден слој. Финалниот изглед се постигнува со бришење со сунѓер, додека додека материјалот е во пастозна состојба. По желба, може да се нанесе и втор слој после сушење на првиот. За детални упатства за користење на материјалот, да се погледне техничкиот лист за производот.

BK-Velatura премазот откако добро ќе се исуши е отпорен на влажно бришење. Времето на сушење е 24 часа.

Температурата на воздухот и на подлогата при нанесување на материјалот треба да се движи во интервал од 8 ºC до 35 ºC.

Рок на употреба: До 12 месеци, доколку се чува во оригиналната спакувана амбалажа. Да се складира и чува на температура од 5 до 25 степени, заштитено од директна сончева светлина и од замрзнување.

Бои: BK Velatura може да нијансира по тон карта или да се комбинира со BK Color.

Потрошувачка: Околу 50-100 ml/m² во зависност од техниките на нанесување.

Шифра Баркод Пакување
А05765 8606107153988 канта 1 л