Производи

Монтажна пена за процепи

Опис:
Назив Ед.Мера Пакување
BK-Pur Premium парче туба

Употреба: Монтажната пена за процепи е еднокомпонентна конструкциска полиуретанска пена посебно наменета за потребите на максимална искористливост при мала експанзија со можност за користење на температури до +35°C. Оваа пена има извонредна структура и при температури од +5°C. Извонредно се лепи на бетон, малтер, ѕидови, полистирен, омекнат ПВЦ, печена цигла и каналчиња.

Примена: За пополнување процепи, пукнатини, за поставување прозорци и врати, за изолација на цевководни системи, за прицврстување изолатори и заштитни цевки во ѕидови, за брза монтажа на кровови, и за поставување на кровни каналчиња.

Подготовка на подлогата: Се користи на површини без прашина, и на одмастени површини. Уредите и останатите површини да се прекријат за да не се извалкаат. Пред нанесување препорачуваме сувите подлоги да се испрскаат со вода заради поквалитетна структура на пената. Пената исто така може да се накваси по нанесувањето.

Рок на употреба: 18 месеци. Да се чува во затворена амбалажа, во вертикална положба, на суво место на температура од  +5ºC до +25ºC.

Шифра Баркод Пакување
А10951 8606108283257 туба 750ml