Блог

Ракометен камп Кирил Лазаров 7

KL7 Original

Кармен Бауцентар како компанија честопати во минатото го поддржувал развојот на спортот и развојот на младите во спортски дух. Со оглед на високото реноме кое како активен ракометар го ужива Кирил Лазаров, воопшто не се двоумевме да го поддржиме Ракометниот Камп Кирил Лазаров 7  Дополнителен мотив за одлуката за нашата поддршка е што кампот ќе се одржи во градот Охрид, каде е лоцирана базата на Кармен Бауцентар. Јас лично потекнувам од Охрид каде го имам минато поголемиот дел од мојот животен век. Затоа со оваа наша поддршка сакам да направиме нешто добро за младите во овој регион и да придонесеме за нивниот развој во здрави личности.  

- Жарко Јанев, генерален директор на Кармен Бауцентар ДООЕЛ