Внатрешни ѕидови

Средство за уништување ѕидни алги и мувла

Опис:

Безбојна фунгицидна течност за уништување алги и мувла на фасадните и на внатрешните ѕидни површини, претходно обработени со премази и малтери. Може да се користи и за дезинфекција на површини изработени од бетон, од камен или од дрво.

Назив Ед.Мера Пакување
BK Sani Cid парче шише

Подготовка и нанесување: Шишенцето пред употреба треба добро да се промеша. Потоа содржината во шишето се разредува со вода во однос 1:5. Зафатените површини со мувла да се премачкаат така да премазот започне да се пени. Откако ќе се исуши, премачканата површина не е штетна по човековото здравје. Во завиност од условите, за сушење на површината потребни се 2-4 часа. Да не се меша со други средства за премачкување. По 24 часа, доколку е можно, премачканиот ѕид да се измие со силен млаз вода или добро да се истрие со влажна крпа доколку се работи за внатрешни површини. Кај пообемно зафатените површини, потребно е постапката да се повтори. При повторно нанесување на средството, истото се нанесува на сува површина. Најлесно се нанесува со четка, со валјак или со сунѓер до целосно навлажнување и распенување на средството.

Напомена: Средството не е предвидено за додавање во други средства за слична намена.

Рок на траење: До 12 месеци, доколку се чува во оригиналната амбалажа на пакување. Се складира и чува на тенпература од 5 до 25 степени, заштитено од директна сончева светлина и од смрзнување.

Потрошувачка: 450 ml од подготвениот раствор 1:5 (подготвен според упатството за користење) по m2 површина. Едно шишенце од производото е доволно за покривање на површина од околу 7m2.

Шифра Баркод Пакување
6000041 8606102367342 шише 500 мл