Керамика

Лепак за плочки бел за мермер

Опис:

Бел лепак за лепење на природен камен и мермер

Фабрички подготвен бел лепак на база на цемент со додаток на специјални адитиви. Се користи за лепење на природен камен, на мермер и на стаклен мозаик на гипсени или на варно-цементни малтери, на гипс картонски и на цементни плочки, како и на бетон и на цемент и на сите кошулки со содветна претходна подготовка. Наменет е за надворешна и за внатрешна употреба.

Подготовка и нанесување

Подготовка на подлогата: При поставување на керамиката на гипс-картонските плочи, гипсените кошулки и грубо обработени гипсени малтери, подлогите претходно се подготвуваат со Knauf Tiefengrund.

Подготовка на смесата: Содржината на вреќата (25 кг) се додава во околу 6,5 литри чиста вода и се меша додека масата целосно не се воедначи. Потоа масата се остава да отстои 10 минути и потоа уште еднаш се промешува. Овака подготвениот материјал е подготвен за употреба. Густината на масата се подесува со додавање на вода или на прашок. Отвореното време за лепакот во кофа изнесува 5 часа, а на материјалот нанесен на подлогата изнесува 30 минути. Времето на корекција е околу 20 минути. Материјалот се нанесува со назабена глетарка на подлогата, а на подлоги со поголеми барања, се нанесува и на плочката во тенок слој.

Напомена: При употреба, температурата на воздухот, на материјалот и на подлогата мора да бидат помеѓу 5 и 25 степени. Фугирањето може да се изврши дури откако целосно ќе се исуши лепакот (после 24 часа). Дамките од лепакот кои настанале при работењето, потребно е да се исчистат пред да се исуши лепакот.

Рок на употреба и складирање: 12 месеци од датумот на производство. Да се складира на палети на суво место во оригиналното пакување.

Потрошувачка на материјалот: Дебелината на нанесување изнесува од 2 до 5 мм. При нанесување со назабена глетарка, за слој од 4 мм потрошувачката изнесува 1,4 кг на м.кв., за слој од 6 мм потрошувачката изнесува 2,1 кг на м.кв., а за слој со дебелина од 8 мм потрошувачката изнесува 2,8 кг.

Шифра Тип Пакување
239325 Marmorkleber вреќа 25 kg.