Лепак за стиропор

Лепак за стиропор

Опис:

Малтер за лепење плочи од стиропор

Опис: Фабрички подготвен смеса за лепење на плочи од стиропор. Се користи за лепење на плочи од стиропор на сите видови на минерални подлоги (ѕидови од тула, од бетон, како и ѕидови кои се покриени со стари малтери). За армирање и глетување се препорачува Klebespachtel, малтер за лепење плочи од стиропор, за армирање и глетување.

Подготовка и нанесување

Подготовка на подлогата: Сите делови кои се чувствителни на нечистотии се заштитуваат со леплива лента или со фолија. Во случај на силно сончево зрачење, потребно е на скелето да се постави заштитна мрежа или работните активности да се одложат додека се променат условите. При употреба, температурата на воздухот, на материјалот и на подлогата треба да биде од + 5ºC до + 25º C. Кај старите малтери и премази да се провери носивоста и лепливоста на подлогата. Местата со влдабнатини треба претходно да се ископаат и да се малтеерисаат, додека бојата која не е леплива треба целосно да се отстрани. Прашината од бетонот, премазите и од старите малтери може да се отстрани со вода под притисок и да се остави површината да се исуши.

Подготовка на смесата: Содржината на вреќата (25 кг) се додава во околу 5,5 до 6 литри чиста вода и се меша додека масата целосно не се воедначи. Потоа масата се остава да отстои 10 минути и потоа уште еднаш се промешува. Овака подготвениот материјал е подготвен за употреба. Густината на масата се подесува со додавање на вода или на прашок. Отвореното време за лепакот во кофа изнесува 2 часа.

Лепење: Пред започнување со лепење, потребно е да се постави почетен профил. Лепакот се нанесува во вид на лента со ширина од 5 см и со дебелина од 2 см на крајниот дел од површината и на повеќе места на средината. При лепењето на плочите, површината мора да биде покриена со лепак минимум 40%. Потребно е да се почека 24 часа пред да се продолжи со другите работи како поставување типли и армирање.

Рок на употреба и складирање: 12 месеци од датумот на производство. Да се складира на палети на суво место и во оригиналното пакување.

Потрошувачка: При лепење со гранулација од 0,6мм изнесува 5 kg/m2.

Шифра Тип Пакување
161614 Styrokleber вреќа 25 kg.
079855 Styrokleber вреќа 25 kg.