Политика за квалитет

Кармен Бауцентар е основан и непрекинато егзистира на пазарот од 1998 година.

Главна и основна дејност досега претставуваше позиционирање на пазарот со разни производи и системи промовирани како последен тренд во модерното градење преку развивање дистрибутивна мрежа ширум целата земја – поткрепена со одлична логистика и фина изведба во деловни и станбени објекти.

Наша визија е да станеме водечки дистрибутер за градежни материјали за изведба на сува градба.

Наша мисија е сите светски трендови и иновации од областа на градежништвото да ги направиме подостапни и  да ги донесеме поблиску до клиентите.

Кармен Бауцентар цели кон остварување на својата мисија и визија преку отворање на Бауцентри ширум целата земја така што сега секој клиент ќе може одблизу да добие повеќе информации за нашите производи, а воедно да најде сè што е потребно за уредување на својот дом.

Високо опремените Бауцентри – Штип, Охрид, Ресен и Скопје се места каде ќе ги исполниме  желбите на клиентите.

Кармен Бауцентар нуди производи и системи кои гарантираат квалитет, долготрајност, практичност и економичност за просторот и за вашиот паричник. Идеални решенија за секој дом, како и решенија за сите професионалци и хоби изведувачи. Во нашата продажна програма ќе најдат сè што им е потребно за уредување на нивниот дом или деловен простор.

Важен дел од приказната на Кармен Бауцентар претставува инженерингот и изведбата на деловни и станбени објекти. Вршиме изведба комплетно на сите системи за сува градба, фасадни системи, поставување на керамика, поставување на подлоги (ламинатни подови, паркети, епоксидни подови), молерофарбарски услуги итн.

За секоја наша изведба имаме професионален надзор за сите изведувачки работи, како и тимови од експерти и професионални изведувачи – секој во својата област.

Кармен Бауцентар почитува семејни вредности, нашата приказна е приказна за целото семејство.

Политика на Кармен Бауцентар е на потрошувачите да им помогне со своето искуство и знаење во изборот на најдоброто решение, како во поглед на цената, така и во поглед на нивните очекувања и замисли, создавање на задоволни клиенти со висок квалитет и сигурност на нашите производи и услуги.

Кармен Бауцентар континуирано го следи степенот на задоволството на клиентите и ги проучува нивните барања, препораки и рекламации, кои ги користи за обезбедување  на квалитетни производи и квалитетна услуга која ги задоволува и надминува потребите и очекувањата на нашите купувачи.

Кармен Бауцентар на своите клиенти им гарантира максимално исполнување на преземените ангажмани.

Кармен Бауцентар се грижи за задоволството на вработените преку постојано вложување во нивното знаење и деловен развој. Работните задачи ги исполнуваме со мотивирани и обучени вработени.

Кармен Бауцентар настојува да одржува партнерски однос со добавувачите, производителите и други соработници и својата соработка ја гради на долгорочна основа.

Менаџментот на Кармен Бауцентар се обврзува за примена, одржување, континуиран развој и подобрување на ефективноста на Системот за управување со квалитет, согласно барањата на меѓународниот стандард ISO 9001. Раководството на Кармен Бауцентар периодично извршува контрола на политиката, функционирањето на Системот за управување со квалитет, исполнувањето и поставувањето на нови цели за квалитет.