Инжинеринг

izvedba1Важен дел од нашата приказна претставува инженерингот и изведбата на деловни и стамбени објекти. Вршиме комплетна изведба на сите системи за сува градба, фасадни системи, поставување на керамика, поставување на подлоги (ламинатни подови,  епоксидни подови), молерофарбарски услуги итн.

За секоја наша изведба имаме професионален надзор за сите изведувачки работи, како и тимови од експерти и професионални изведувачи – секој во својата област.

Изведба и советување на клиентите

Нашите клиенти редовно ги советуваме за новитетите на пазарот, така што изведувачите секогаш се во тек со светските трендови и новитети  и располагаат со информации за новите производи и начин на нивно вградување. За инвеститорите ваквите информации се драгоцени поради можноста за заштеда (нови производи, супститутивни материјали) како и советување за начинот на работа.

Проектантите со наши совети успешно можат своите проекти да ги прилагодат кон начинот на изведување, да ги исполнат барањата на изведувачите на работата, според финансиката конструкција која ја поставуваат инвеститорите.

Ваква тимска работа вродува со успешна соработка и обединување на услугите на продажбата и советувањето што резултира со исклучиво квалитетен финален производ кој претставува заеднички труд на инвеститори, проектанти и изведувачи на работи кои совети добиваат на едно место и на тој начин се правилно и квалитетно насочени.