Продажба

КАРМЕН ПРОДАЖНА ПРОГРАМА

Кармен Бауцентар нуди производи и системи кои гарантираат квалитет, долготрајност, практичност и економичност за просторот и за Вашиот паричник.

Идеални решенија за Вашиот дом како и за сите професионалци и хоби изведувачи, во нашата продажна програма ќе најдете сé што ви е потребно за уредување на Вашиот дом или за Вашиот деловен простор- добредојдовте во светот на модерното градежништво.

Продажба и дистрибуција на градежни материјали

Кармен Бауцентар има посебен однос кон своите деловни клиенти, а тоа се малопродажните локали, професионални изведувачи, инвеститори, архитекти и проектанти. Тоа се клиенти на кои им се посветува посебно внимание, за кое што имаме разработено посебна стратегија. Пристапот кон професионалните клиенти мора да биде пред се комплетен и квалитетен, а тоа вклучува:

  • Широка понуда на производи за сите врсти на проекти – од економични до високоексклузивни
  • Помош за одбирање соодветни материјали
  • Советување во поглед на примена и вградување на материјалите
  • Посебни попусти за големи количини
  • Посебни поволности за договорени клиенти
  • Достава и сервис


Големи Количини

Уште една од низата погодности за нашите деловни клиенти се испораките на големите количини на сите производи, кои можеме да ги реализираме за релативно кратки рокови, со што вие можете да ги пратите роковите за градење на Вашиот проект, ние ке ангажираме свои добавувачи на роба така што испораката секогаш да биде извршена согласноВашите барања.

Испорака

Во сите градови во нашите продажни Бауцентри достапни се возила за испорака на нарачаната роба. Располагаме со голем возен парк од лесни возила до камиони за достава. Доколку Вам ви е потребна испорака на роба Ве молиме да нé известите навремено и да Ве вметнеме во нашиот термин план за испорака.

Акциски продажби

Кармен Бауцентар нуди специјални услови и цени за производите во своите малопродажни места, како и за купувачите на големо. Акциската продажба е редовна пракса во нашата работа со цел повеќе да ги мотивираме нашите клиенти, односно изразување благодарност за довербата и долгогодишната соработка.

Фокусирање кон заедничките цели – квалитет, достапност и цена

Со сите наши деловни клиенти имаме потпишано годишни договори за деловно техничка соработка, со кои се дефинираат посебните поволности на клиентите. Тука влегуваат посебни попусти за големи количини на роба, поволности на условите на плаќање, прилагодување на клиентите и сé останато според барањата на клиентите. За придржување на роковите за плаќање одобруваме додатни попусти, како и за авансни плаќања.