Кариера

karieraНашето мото е “Нашите луѓе се наша најголема сила”...а силата треба правилно да се употребува и да се насочува кон остварување на  поставените цели. Кармен Бауцентар постојано е во експанзија, гради нови бауцентри, ги уредува постоечките, постојано е во инвестиции со цел подобрување на квалитетот на работата  и зголемување на обемот на работа, а како резултат на сето ова постојано вработува нови амбициозни и млaди луѓе на различни позиции.

Отворени сме за талентирани, предани и упорни работници, кои што со својот квалитет ќе помогнат на постојаните тимови кон исполнување на зададените цели. Со цел да се подобрат резултатите на секој вработен , континуирано организираме професионални обуки и презентации со цел поефикасно и поефективно заокружување на зададените цели и тргнување кон нови. Во наведеното следуваат разни бенефити за секоја постигната цел. Позитивната работна атмосфера, младите тимови, долгогодишното искуство на водечките позиции, јасна организациона структура се елементи со кои Кармен Бауцентар сака да биде посакуван работодавец.

Доколку се најдовте себеси во некои од овие описи и сакате да станете дел од нашето семејство, испратете ни го Вашето кратко резиме на info@karmen.com.mk